Sarp Özer
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
АНКАРА (АА) - САРП ОЗЕР -
Турската крајбрежна стража интервенираше и спаси мигранти кои Грчката крајбрежна стража присилно ги туркаше во турските територијални води во Егејското Море, а целиот случај е снимен со беспилотно летало, пишува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случил пред два дена, а на снимката се гледа како Грчката крајбрежна стража нехумано и безмилосно присилно ги турка мигрантите кон турските води, и како Турската крајбрежна стража им подава рака на несреќните мигранти, меѓу кои има и деца.
Чамецот ЛС-70 на Грчката крајбрежна стража со опасни маневри се обидува да го турне кон турските води чамецот на кој се наоѓаа меѓу 20 и 25 мигранти.
На снимката исто така се гледа како на местото на инцидентот пристигнува чамец на Турската крајбрежна стража, а во истиот момент од местото се оддалечува грчкиот чамец. Турската крајбрежна стража пристигна и ги спаси мигрантите кои беа изложени на опасност на отворено море во гумен чамец.