Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
17 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турската крајбрежна стража спаси најмалку 23 мигранти на гумен чамец чиј мотор бил во дефект, соопштија денеска безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чамецот впловил од брегот кај Ајваџик во северозападната турска област Чанаккале“, изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.
Дејствувајќи по дојава, тим на крајбрежната стража веднаш се упатил на местото и ги спасила мигрантите кои сакале да стигнат до Европа преку Грција.
„Мигрантите потоа биле пренесени во обласната Канцеларија за миграции“, додаде изворот.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да стигнат до Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогонство.
На почетокот на оваа година Турција ги отвори своите граници за нерегуларните мигранти да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека ги нема исполнето своите ветувања според Договорот за мигранти склучен во 2016 година.
Турција е домаќин на речиси 4 милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.