Süleyman Elçin,Durmuş Genç
22 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
МУГЛА (АА) - Пожари зафатија шумско подрачје во Мармарис, во западната турска област Мугла, а противпожарните екипи настојуваат да го локализираат пожарот од копно и од воздух, јавува Агенција Анадолија (АА).
Подрачјето на Хисарону во Мармарис го зафати пожар чија причина сѐ уште не е утврдена. Во текот на ноќта екипите на терен интервенираа од копно, а од утрово им е пружена и поддршка од воздух.
Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, а екипите на терен прават сѐ што е во нивна моќ за да ја смират огнената стихија.
Министерот за земјоделство и шумарство на Туркије, Вахит Киришџи и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, со хеликоптер ги обиколија подрачјата зафатени со пожарите.