Haydar Toprakçı
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
ИЗМИР (АА) - Единиците на турската крајбрежна стража спасија повеќе од 100 нерегуларни мигранти во близина на провинцијата Измир рано денеска откако беа истуркани во територијалните води на земјата од грчките власти.
Според соопштението од Командата на крајбрежната стража, вкупно 108 мигранти се мачеле да останат на површина во гумени чамци во близина на областите Урла, Чешме и Дикили кога интервенирале турските власти.
Тие потоа биле упатени до провинциската канцеларија за миграција за соодветна постапка.
Грција е главната рута кон Европската Унија за мигрантите кои пристигнуваат од Туркије.
Туркије и меѓународните групи за човекови права постојано ја осудуваат нелегалната практика на Грција во истуркувањето мигранти, велејќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозување на животите на ранливите луѓе, вклучително на жени и деца.
Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нови животи, особено за оние кои бегаат од војна и прогон во нивните земји.
Таа веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било земја во светот и презема нови безбедносни мерки на своите граници за хумано да спречи нов прилив на мигранти.