Турција

Туркије го осуди нападот на Индија врз Пакистан

- Реакцијата на Анкара дојде откако Индија објави дека започнала напади врз градови во Пакистан и пакистански Кашмир.

Serdar Dincel  | 07.05.2025 - Обновена : 08.05.2025
Туркије го осуди нападот на Индија врз Пакистан

АНКАРА (АА) - Туркије денес ги осуди ракетните напади на Индија врз Пакистан што ги изврши синоќа, известува Анадолу.

„Нападот на Индија донесе ризик од општа војна“, соопшти турското Министерство за надворешни работи, осудувајќи ги провокативните чекори и нападите насочени кон цивили.

Нагласувајќи дека Анкара со загриженост ги следи случувањата меѓу Пакистан и Индија, турското МНР ги повика страните да дејствуваат со „здрав разум“ и да избегнуваат „еднострани дејства“.

Анкара изрази очекување дека ќе бидат преземени чекори за деескалација на тензиите во регионот колку што е можно побрзо и воспоставување на потребните механизми, вклучително и оние во борбата против тероризмот, за да се спречи повторување на слични инциденти.

„Го поддржуваме и повикот на Пакистан за истрага во врска со терористичкиот напад извршен на 22 април“, се додава во соопштението на турското Министерство, осврнувајќи се на нападот врз делот од Кашмир што е под индиска администрација.

Претходно Индија соопшти дека започнала напади врз градови во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација, чија цел се, како што рече, „девет терористички локации“.

Пакистанската војска соопшти дека во нападите се убиени 31 лице, вклучително и петмина во Кашмир, кој е под пакистанска администрација, а 46 се повредени, додавајќи дека шест локации биле погодени од индиски ракети.

Ескалацијата меѓу соседите што поседуваат нуклеарно оружје настана по нападот на 22 април во Пахалгам, во индиски Кашмир, во кој се убиени 26 лица.

Индија го обвини Пакистан за нападот, тврдејќи дека имало прекугранична поврзаност.

Пакистан негираше дека има каква било врска со убиствата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.