Yıldız Nevin Gündoğmuş
30 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
АНКАРА (АА) – Денес во Туркије се одбележува 100-годишнината од Денот на победата, кој го бележи убедливиот пораз врз окупаторската грчка војска од страна на Турците во Битката кај Думлупинар во 1922 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
По тој повод во земјата се одржуваат пригодни манифестации и програми. Паралелно со Денот на победата, Туркије денеска го одбележува и Денот на вооружените сили.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предводи државниот врв на свечената церемонија во комплексот „Аниткабир“, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.
По повод 100-годишнината од Денот на победата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предводеше државниот врв на свечената церемонија во комплексот „Аниткабир“, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
Големата офанзива, една од најголемите воени победи во историјата, ја започнаа Турските вооружени сили на 26 август 1922 година под водство на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Туркије, а заврши на 18 септември истата година.
Во 1919 година, победниците од Првата светска војна, познати и како Силите на Антантата, навлегоа во денешна Туркије, окупирајќи големи територии врз основа на одредбите од неодамна потпишаното Примирје на Мудрос.
Додека британските, француските, италијанските и грчките воени бродови се закотвија во турските мореузи, француските трупи го презедоа регионот околу Адана, денешна јужна Туркије. Британските војници влегоа во Урфа и Мараш, како и во Самсун и Мерзифон во регионот на Црното Море. Италијанците окупираа големи делови од медитеранското крајбрежје, вклучувајќи ја Анталија и други градови во југозападна Анадолија.
На 15 мај 1919 година, грчката војска пристигна во Измир со дозвола на силите на Антантата, што предизвика востание и кампања против владеењето на окупаторските сили во земјата.
Со формирање на Националните сили (Kuvayi Milliye) како начин за вооружен отпор против освојувачите, Турците знаеја дека има само два избора - или да се предадат на окупациските сили или да се борат против нив.
Големото турско народно собрание беше основано во Анкара во 1920 година, окупаторите ја фокусираа својата репресивна политика врз Ататурк и неговите колеги, а Турската армија се пресели на западниот фронт. Следната година турските војници ќе ги одбијат грчките сили кои напредуваа на 70 километри од Парламентот.
По приближно една година подготовки, врховниот командант Ататурк ја започна Големата офанзива на 26 август 1922 година за да го протера непријателот.
Движејќи се понатаму кон запад, тој командуваше со битката заедно со командантите Февзи Чакмак и Исмет Инону.
В зори, офанзивата започна со артилериски оган, а турските војници кои се движеа напред ги заземаат Тиназтепе, Белентепе и Калеџик Сивриси во близина на градот Афјонкарахисар, кој турската војска ќе го преземе на 27 август.
Ноќта на 29 август, командантите направија проценка на ситуацијата и се договорија веднаш да дејствуваат и да го заокружат нападот за кратко време.
Ататурк на 30 август ѝ нареди на турската војска да продолжи кон западна Кутахија како решавачки удар врз грчките трупи во Анадолија.
По победата, Ататурк, Чакмак и Инону решија да ги неутрализираат и преостанатите грчки војници во Анадолија со офанзива на градот Измир, на брегот на Егејското Море.
„Армии, вашата прва цел е Медитеранот. Напред! И нареди Ататурк на војската, која ќе ја напушти западна Кутахија на 1 септември.
На 27 август турската војска го ослободи Афјонкарахисар од грчката војска, Кутахија на 30 август, а Измир на 9 септември.