Barış Gündoğan
04 Јуни 2024•Ажурирај: 05 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Двајца турски пилоти загинаа при пад на авион за обука што утрово се урна на подрачјето на градот Кајсери, во Централна Туркије, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије се наведува дека двајца турски пилоти ги загубиле животите.
Претходно утрово Министерството соопшти дека авионот за обука СФ-260Д, кој полетал од базата во турскиот град Кајсери, доживеал несреќа и дека започнале операции за потрага и спасување.