Турција

Терористите на ПКК/ЈПГ извршиле 20 прекршувања на турско-американскиот договор

Министерството за одбрана на Турција информираше дека и покрај постигнатиот договор за безбедносна зона меѓу Турција и САД на 17 октомври, терористите на ПКК/ЈПГ 20 пати го прекршиле договорот

Orhan Onur Gemici  | 20.10.2019 - Обновена : 20.10.2019
Терористите на ПКК/ЈПГ извршиле 20 прекршувања на турско-американскиот договор

АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во текот на набљудувањето на подрачјето на Тел Абјад, источно од реката Еуфрат во Сирија, од истрелите од противтенковска ракета и од лесно оружје, животот го загубил еден војник, а еден е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се наведува дека на нападот соодветно е одговорено, при што се истакнува:

„И покрај постигнатиот договор за безбедносната зона со Соединетите Американски Држави (САД) на 17 октомври, терористите на ПКК/ЈПГ извршија 20 прекршувања на договорот. И покрај сите овие активности што се во спротивност со договорот, конвој од 39 возила составен претежно од амбулантни возила со обезбедување влегоа и излегоа од Рас ел Ајн, при што повредените и други лица ги евакуираа од подрачјето.“

Турските вооружени сили (ТСК) синоќа соопштија дека внимателно ја следат ситуацијатаа во северниот дел на Сирија по постигнатиот договор со САД за повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјето каде што Турција сака да воспостави безбедносна зона.

Во соопштението се вели дека нема постои апсолутно никаква пречка за повлекување на терористите и дека информациите за проодноста на патиштата во тој регион се доставени до американските воени претставници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.