Veysel Kara
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ЃУМУШХАНЕ (АА) - ВЕЈСЕЛ КАРА -
Посетителите на Калето Торул во Ѓумушхане каде се наоѓа една од највисоките стаклени тераси во Турција, доживуваат моменти исполнети со возбуда, јавува Anadolu Agency (AA).
Стаклената тераса со површина од 90 квадратни метри дава уникатен поглед на планините Зигана и Сарич. На терасата во ист момент можат да застанат 50 посетители, и од нејзиното отворање досега, за период од 100 дена ја посетиле 26.000 лица.
Посетителите на терасата доживуваат несекојдневни моменти, исполнети со адреналин, особено од страна на оние кои се плашат од висина.
При посетата на терасата, туристите изработуваат „селфи“, нешто што денеска е речиси неизбежно. Се очекува годинава стаклената тераса да ја посетат околу 300.000 посетители.

Покрај стаклената тераса, која во голема мерка го зголеми интересот на туристите во областа Ѓумушхане, се планира реализација на проектот зип-лајн патека (дижење под жица врзани за појас) кој опфаќа, на одење патека од 900 метри и на враќање патека во должина од 600 метри, што би било најдолга зип-лајн патека во Турција.
Изградба на најдолга зип-лајн патека во Турција
Градоначалникот на Торул, Нидаи Ќороглу рече дека стаклената тераса е проект кој во моментов привлекува најголем број туристи во подрачјето на Торул, додавајќи дека продолжуваат со спроведување на нови проекти:
„Тука нема да застанеме. Ќе изработиме зип-лајн патека за авантуристите. Колку што сме запознаени, најдолгата зип-лајн патека во Турција се наоѓа во Анталија и е со должина од 400 метри. На ова подрачје планираме да ја изградиме најдолгата зип-лајн патека во должина од 1.500 метри. Проектот би требало да чини 1.200.000 лири (околу 250.000 евра). Планираме нашата општина да ја поставиме во врвот на возбудливиот туризам“.
Градоначалникот Ќороглу ги повика вљубениците во природата и адреналинската возбуда да ја посетата стаклената тераса, на која можат истовремено да ги доживат и двете задоволства.
Посетителите на стаклената тераса со кои имаше можност да раговара новинарот на АА, изјавиа дека се воодушевени од погледот кој таа го дава, а истовремено се возбудени од помислата каде се наоѓаат во моментот, препорачувајќи им на сите да дојдат и да ја посетат оваа тераса, бидејќи тоа е несекојдневен момент кој треба да се доживее.