Berk Özkan
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата од Одделот за комуникации при турското Претседателство, двајцата лидери разговарале за случувањата во Либија и во сириски Идлиб.
Исто така, Ердоган и Путин во телефонскиот разговор се осврнале и на билатералните односи помеѓу двете земји, регионалните прашања и чекорите кои ќе бидат преземени во борбата против Ковид-19, како и после епидемијата.