Ahmet Sertan Usul
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека Ердоган и Зеленски се осврнале на рускиот напад врз Украина и последните случувања.