Dilara Hamit
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Турција изрече доживотни затворски казни за четворица обвинети за кршење на Уставот во судскиот случај познат под називот „Ергенекон“, јавува Anadolu Agency (AA).
Четвртиот кривичен суд во Истанбул денес изрече доживотни затворски казни за обвинетите Осман Јилдирим, Ерхан Тимуроглу и Исмаил Сагир, додека на Алпарслан Арслан му е изречена доживотна тешка робија.
Паралелно со тоа, Судот ги ослободи сите обвинети по точката од обвинението за формирање, водење, помагање и членување во вооружена група. Таа пресуда е изречена поради недостаток на докази за поврзаност со терористичката организација Ергенекон.
Првобитната истрага за заверите на групата Ергенекон датира од 2007 година, а во 2013 година започна судењето на голем број воени челници, политичари, интелектуалци и новинари.
Турскиот суд во 2014 година го прогласи Ергенекон за „вооружена терористичка организација“.
Вооружените сили и генералите на нивно чело со децении се сметаа за чувари на секуларистичкото движење во Турција, соборија две влади избрани од 1960 година, додека Владата на Неџметин Ербакан во 1997 година ја принудија на оставка. Станува збор за „митска“ творба која сè до доаѓањето на власт на Партијата за правда и развој (АК Партија) и нејзиниот лидер, Реџеп Таип Ердоган, водеше главен збор во земјата и беше опасност за секоја влада што би се спротивставила и не би ги следела нејзините идеи.