Ali Ballı,Durmuş Genç
10 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
МУГЛА (АА) - Од Бодрум, познатото турско летувалиште, стартуваше 57. Претседателска велосипедска трка низ Турција („Tour of Turkiye“), што ја организира Турскиот велосипедски сојуз под покровителство на Кабинетот на претседателот на оваа земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Во првата етапа долга 207 километри учествуваат 167 велосипедисти од 25 екипи.
Велосипедистите ја завршуваат првата етапа во Кушадаси, туристичко место познато по своите историски локалитети и природни убавини.

Под името „Мармара тур“, оваа трка за првпат е возена во 1963 година, а веќе следната година е возена под името „Претседателска велосипедска трка на Турција“.
Станува збор за трка што се одржува во рамките на светскиот велосипедски календар, и претставува единствена трка на светот што се вози на два континенти, односно Европа и Азија.
Во текот на „Tour of Turkiye“ велосипедистите ќе изминат 1.303 километри во 8 етапи.