Aynur Ekiz
16 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Во пресрет на одржувањето на трилатералниот Самит за Сирија, во Анкара средба остварија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба во претседателската палата Чанкаја во Анкара, по што се одржа состанок меѓу делегациите на двете земји.
Средбите зад затворени врати траеја два часа - се одржа билатерална средба меѓу претседателите и состанок на меѓудржавните делегации.
Подоцна се очекува претседателот на Турција да се состане и со претседателот на Русија, Владимир Путин.
По завршувањето на средбите се очекува да започне трилатералниот Самит Турција - Русија - Иран за Сирија.