Sarp Özer
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во Анкара се состана со шефот на Воениот комитет на НАТО, Стујарт Пич. Акар го поздравил повикот за дијалог на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и ја изразил неопходноста и другите земји да пристапат кон ова прашање на здрав начин во согласност со духот на сојузништвото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави турското Министерство за одбрана се вели дека Акар, во придружба на генералот Јашар Ѓулер го пречекале генерал Пич.
На средбата на која учествуваше и началникот на Генералшабот на Турција, Ѓулер, станало збор за последните случувања во Источен Медитеран, разгледувајќи ги иницијативите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на оваа тема и другите НАТО и регионални прашања.
Во соопштението во врска со средбата се истакнува следното:
„На средбата министерот Акар го поздрави повикот за дијалог упатен од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Акар рече дека Турција кон сите земји со брег на Источен Медитеран има самоиницијативен пристап кој ги заштитува нивните права, во согласност со меѓународното право, им придава значење на меѓународното право, билатералните односи, дијалогот и добрососедските односи во решавањето на проблемите, посочувајќи ја неопходноста и другите земји да пристапат кон ова прашање со здрав разум и сојузнички дух, истакнувајќи го правото на Турција врз сината татковина, вклучувајќи ја тука и Турската Република Северен Кипар, зборувајќи дека таа е способна и одлучна и во иднина да ги штити своите интереси како што тоа го правела досега, додавајќи дека како што досега во целост ги исполнувала своите обврски во НАТО, ќе продолжи да го прави тоа и во иднина.“