Aykut Karadağ
23 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека како резултат на методот на убедување уште еден терорист кој побегнал од терористичката организација ПКК им се предал на Турските безбедносни сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека продолжува да се зголемува бројот на оние кои побегнале од терористичката организација и се предале на Турските безбедносни сили благодарение на напорите за убедување спроведени од Генералната команда на жандармеријата и Генералниот директорат за безбедност.
Исто така се наведува дека уште еден припадник на терористичката организација кој избегал од ПКК им се предал на безбедносните сили во рамките на напорите за убедување.
Терористот ѝ се приклучил на терористичката организација ПКК во 2015 година и спроведувал активности во Иран и Ирак.
Бројот на припадници на организацијата кои се предале со методот на убедување оваа година достигна 33.