Турција

Силно невреме со обилни врнежи од дожд и град го зафати Истанбул

Причинета е материјална штета на некои возила и станбени објекти

Hasan Hüseyin Kulaoğlu, Kenan Irtak, Sefa Mutlu  | 29.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
Силно невреме со обилни врнежи од дожд и град го зафати Истанбул Emrah Yorulmaz/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Силно невреме го погоди денес Истанбул и доведе до потешкотии при извршувањето на секојдневните обврски на жителите на најголемиот град во Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).

Силни врнежи од дожд, грмежи и град го зафатија градот на два континента. Невремето создаде и голем метеж во сообраќајот, а неспремните граѓани бараа засолниште.

Некои возила останаа блокирани во водата. Во тек се акциите на пожарникарите и спасувачките екипи.

Причинета е и материјална штета на некои возила и станбени објекти.

Кратко во прекин беше и сообраќајот на трамвајот кој сообраќа на релацијата Кадикој - Мода.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın