Cihan Okur
11 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
АМАСИЈА (АА) – Селахатин Тели е 91-годишен чевлар кој има 4 деца и 15 внуци и живеe во населеното место Ташова во Амасија, Турција. Цели осумдесет години тој ја продолжува својата професија којашто многу ја сака, пишува Anadolu Agency (AA).
91-годишниот Тели занаетот го научил од неговиот татко уште во детството. Тој продолжил со овој занает во една мала продавница и претсетавува пример за дисциплина и решителност во работата за младите луѓе.
Тели покрај временските услови и здравствените проблеми, секој ден го отвора дуќанот патувајќи 15 километри.
Селахатин Тели за новинарот на АА кажа дека 80 години ја работи својата професија со огромна љубов, исто како и во првите денови. Тели вели дека овој занает го научил од својот татко кога имал 10-11 години.
"Ние работевме во продавница заедно со татко ми и двајца браќа. Ги изгубив мојот татко и браќата. Сега сум единствен во семејството што се бави со овој занает", вели 91-годишниот чевлар.
Покажувајќи дека со чевларство израснал 4 деца, и сега има 15 внуци, вели дека уметноста ја прави со љубов и покрај неговата возраст.
"Не го правам ова за пари, јас сум вљубен во мојата професија, не можам да ја напуштам. Ќе продолжам со уметноста на татко ми, сѐ додека моето здравје ми дозволува," рече Тели.
Тој вели дека и покрај тоа што има проблеми со ногата, секое утро ја отвора продавницата.
"Јас работам за моите клиенти да не кажаат, - Каде е сопственикот на ова место?, да не паднам во непријатна ситуација и бидејќи ја сакам мојата уметност. Не сум во можност да работам, но и покрај тоа јас продолжувам со љубов", рече чевларот.
- "Клиентите ги носат чевлите најмалку 5 години"-
Селахатин Тели вели дека чевларите изработуваат сѐ рачно, но дека сега дојдоа фабриките.
"Како што се промени светот, се смени и нашата професија. Ги купуваат чевлите произведени во фабрика, по 5 дена, чевлите се кинат. Тие доаѓаат кај мене и велат, "мајсторе, направете го ова, нека се зајакне". Се трудам колку што е можно да им помогнам на сите кои доаѓаат во мојата продавница. Но, јас сум лут на фабриките на чевли. Ние кога правевме рачно изработени чевли, нашите клиенти ги чуваа најмалку 5 години, сега дури и 20 дена не можат да издржат, клиентите доаѓаат кај нас за поправка", вели Тели.
Тој вели дека не може да им се спротивстави на производите од фабриките, и затоа продолжува да си го работи својот занает.
"Суровините се скапи. Материјалите ги купуваме пет пати поскапи од колку што ги купуваат фабриките", вели меѓу другото, овој 91-годишен чевлар.