Турција

Светскиот економски форум инсистира Ердоган да присуствува на 50. јубилеен Давос

„Го повикавме претседателот Ердоган во Давос наредната година кога ќе биде и 50. годишнина на нашиот форум. Секако, одлуката дали ќе учествува е на претседателот Ердоган...“

Abdulselam Durdak  | 07.05.2019 - Обновена : 08.05.2019
Светскиот економски форум инсистира Ердоган да присуствува на 50. јубилеен Давос

ИСТАНБУЛ (АА) - АБДУЛСЕЛАМ ДУРДАК - Претседателот на Светскиот економски форум (WEF), Борге Бренде, изјави дека Форумот му упатил срдечен повик на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за учество на наредниот јубилеен 50. Светски економски форум во Давос, кој ќе биде одржан во јануари наредната година, јавува Anadolu Agency (AA).

Бренде престојуваше во Турција каде што одржа низа состаноци, а во таа пригода одговараше и на прашањата на новинарите на АА.

Тој истакна дека во главниот град Анкара се состанал со министерот за трезор и финансии на Република Турција, Берат Албајрак, а за време на оваа средба се зборувало и за тоа на кој начин може да се зајакне соработката помеѓу Светскиот економски форум и Турција.

„Се согласивме околу тоа дека Светскиот економски форум е многу значаен. Особено сега во периодот кога Турција спроведува реформи за да ја зајакне конкурентноста на својата економија“, изјави Бренде.

Тој додаде дека имал средба и со министерката за трговија, Рухсар Пекџан, а за време на состанокот разговарале за значењето на соработката меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција во врска со Царинската унија.

Бренде потсети дека во јануари наредната година ќе биде одржан јубилејниот 50. Светски економски форум во Давос и дека поканата за Форумот е упатена и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Го повикавме претседателот Ердоган во Давос наредната година кога ќе биде и 50. годишнина на нашиот форум. Секако, одлуката дали ќе учествува е на претседателот Ердоган, но ние упативме срдечен повик во Давос“, изјави Бренде.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.