Gazi Nogay
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
КОРУМ (AA) - Младенците во турскиот град Корум, пред заминување на вечнање, ја исполнија својата граѓанска должност на денешниот референдум за уставните промени во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Младиот пар Алпдоган Бодуч и Румејса Балчи пред самото венчање се појавија на избирачко место во едно средно училиште во Корум. Невестата во венчаница и младоженецот беа во центарот на вниманието на останатите граѓани кои го чекаа својот ред на гласање.
Младата Румејса Балчи во изјава за медиумите рече дека пред венчањето дошле да ја исполнат својата должност кон татковината.
„За денот на венчавката го избравме денот на почетокот на новата иднина на Турција", рече Румејса.
Избрирачките места од осум часот по локално време (07:00 CET) отворени се ширум Турција, а гласачите се изјаснуваат за предлогот на уставните промени кои претходно ја поминаа парламентарната процедура , а кои предвидуваат воведување на претседателскиот систем на управување во таа земја.
Право на глас во Турција имат 55.319.222 гласачи кои својата граѓанска должност ќе можат да ја извршат во 167.140 избирачки места.
Во оваа бројка на регистрирани гласачи влегуваат и 1.269.282 гласачи кои ќе навршат 18 години до денеска, односно до денот на одржување на референдумот.
Во 17 часот по локално време (16:00 CET) ќе бидат затворени избирачките места.