Hüseyin Bağış
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Група граѓани се собраа денеска пред Генералниот конзулат на Русија во Истанбул, на тој начин изразувајќи незадоволство од нападите врз цивилите во Алепо, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Група граѓани преку една социјална мрежа организираа собир, а за време на протестите ги извикуваа слоганите: „Отворете го патот кон Алепо“, и „Народот од Алепо не е сам“.
Во рацете носеа сириско знаме и се молеа за невините цивили убиени во овој сириски град. Собирот заврши мирно, а беше обезбедуван од страна на припадници на специјалните единици.