Rauf Maltaş
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ШАНЛИФУРА (АА) - Со цел јакнење на мерките за безбедност долж границата со Сирија, Турција изгради речиси половина од 350 километри долгиот ѕид од бетонски блокови кој би требало да биде комплетиран до крајот на оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили спроведуваат зајакнати мерки на безбедност во рамките на борбата против тероризмот и со цел спречување нови терористички напади, а во тој контекст турските власти одлучија да ги зајакнат мерките на безбедност долж пограничниот појас со Сирија со цел спречување на влез на терористите и криумчарење мигранти.
Турција со Сирија дели вкупно 911 километри граница, а 350 километри, кои ќе бидат покриени со бетонски ѕид, се наоѓаат на линијата на разграничување на Турција од најжестоките средишта на судирите во Сирија.
Sидот долж границата во Хатај и Шанлифура во голема мера е завршен, а во тек е изградбата и на ѕидовите на 14 локалитети долж границата во Газиантеп, Килис, Мардин и Ширнак.
Турските сили од седум тони тешките бетонски блокови подигаат три метри висок и два метри широк ѕид на чиј врв се наоѓа бодликава жица.
Досега е подигнат бетонски ѕид во должина од 170 километри од границата, а преостанатите 180 километри би требало да бидат завршени во наредните шест месеци.
На патиштата на потигнатиот ѕид во растојание од 300 метри во тек е подигање на „паметни кули” на кои ќе бидат поставени набљудувачи со најсовремена технологија за надзор, термални камери, разгласен систем за предупредување и пушкарници.
Поради сè почестите терористички напади на припадниците на ПКК на станиците на пограничните сили, турските безбедносни институции започнаа подигање на пет метри високи бетонски ѕидови околу тие станици.
Паралелно со тоа, долж границата со Сирија, турските сили на секои 50 метри поставија стража. Воените патролни возила непрекинато го контролираат пограничниот појас кој од набљудувачниците се надгледува со специјални уреди.