Halil Demir,Melike Gallenkuş
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во врска со терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул, спроведени се паралелни упади на 16 локации, при што приведени се 13 лица, од кои тројца се странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации поврзани со терористичкиот напад, ова утро екипи на Одделот за антитероризам во Истанбул спроведе рација на 16 локации.
Во акцијата биле притворени 13 лица, од кои тројца се странски државјани.
По извршениот лекарски преглед, притворените биле префрлени во полициска станица во Истанбул.