Büşra Nur Çakmak
28 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција оваа недела ќе престојува во дводневна посета на Саудиска Арабија, се вели во соопштението на турското Претседателство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на покана на кралот Салман бин Абдулазиз ал Сауд на 28 и 29 април ќе престојува во дводневна посета на Саудиска Арабија“, се вели во соопштението.
Односите меѓу Турција и Саудиска Арабија „ќе бидат разгледани од сите аспекти и ќе се разговара за можностите за развој на соработката“, соопшти турското Претседателство.
„За време на средбите ќе бидат разменети мислења за регионални и меѓународни прашања, како и за билатералните односи“, се додава во соопштението.