İsmail Çimen
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, остро ја осуди изјавата на поранешниот американски потпретседател и претседателски кандидат на претстојните избори во САД, Џо Бајден, кој рече дека ќе се залага за промена на власта во Турција и дека може да ја поддржи опозицијата во намерата на изборите во 2023 година да го собори од власт турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Шентоп во објавата на Твитер наведе дека политичарите како Бајден никогаш не победувале на избори, туку секогаш посегнувале кон пучеви.
„Турскиот народ на тимот кој тие го нарекуваат свои луѓе, му даде соодветен одговор на 15 јули 2016 година, а во случај на потреба, повторно така ќе одговори“, порача Шентоп.
Тој понатаму истакна дека Бајден ја обзнанил својата намера за мешање во демократските избори во Турција и тоа во екот на дебатите што траат веќе четири години за мешањето на Русија во претходните избори во САД.
„Дедо на кого му е потребна нега, камо среќа да можете во својата земја да одржите избори кои нема да бидат сомнителни и подложни на надворешни влијанија. Непријателите на Турција секогаш се поразувани“, порача Шентоп.