Турција

Претседателот на турскиот Парламент повика на солидарност во борбата против Ковид-19

- Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, денеска ги повика своите колеги од 44 азиски земји да дејствуваат со солидарност против пандемијата на Ковид-19

Muhammet Emin Avundukluoğlu  | 02.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
Претседателот на турскиот Парламент повика на солидарност во борбата против Ковид-19

АНКАРА

Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, денеска ги повика своите колеги од 44 азиски земји да дејствуваат со солидарност против пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Хуманитарна одговорност на сите нас е во оваа критична меѓународна состојба да ја покажеме нашата солидарност, емпатија и алтруизам на најдобар можен начин и да ги ставиме настрана пречките од која било природа - билатерална или мултилатерална - кои нѐ спречуваат да се обединиме и кохерентно да решиме да се ослободи човештвото од оваа закана“, изјави Шентоп во писмо до своите колеги.

Во писмото се наведува дека светот е „сведок на зголемената бројка на смртни случаи предизвикани од овој убиец секојдневно во речиси секој агол на светот“.

„Во врска со овој критичен и невиден сплет на околности, сакам да ја изразам мојата искрена солидарност со народот и земјите низ светот, особено со моите колеги од азиските нации, кои интензивно се вклучени во борбата против Ковид-19 и ја поддржуваат нашата подготвеност за проширување на помошта на кој било можен начин за да се победи и надмине ова опасно и уништувачко зло, што е можно поскоро“, пишува во писмото.

„Се чувствувам должен, како претседател на Собранието на азискиот Парламент, да ве повикам во ова многу сериозно време кога коронавирусот стана глобална пандемија и создаде невиден и комплициран предизвик, заканувајќи се на здравјето и благосостојбата на луѓето низ светот“, се додава во писмото.

Податоците на Универзитетот со седиште во Мериленд покажаа дека во светот се заразени речиси 937.600 лица, а повеќе од 47.000 лица починале. Над 194.000 лица се излекувале.

Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот познат како Ковид-19 се прошири во најмалку 180 земји и региони.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.