ВРАПЧИШТЕ / ОХРИД (АА) – Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп е во посета на Република Северна Македонија, во рамките на која ги посети Врапчиште и Охрид, јавува Anadolu Agency (AA).
Шентоп учествуваше на церемонијата на која Унијата на општини на Турција (TBB) на општина Врапчиште како гранд и додели градежна машина, а на оштина Маврово-Ростуше и додели камион за смет.
За време на посетата на општина Врапчиште, претседателот на турското собрание имаше можност да поразговара со локалното население.
По церемонијата на доделувањето на грантовите, свое обраќање имаше Шентоп, потсетувајќи дека и неговото потекло е од Северна Македонија, од Гевгелија, зборуваше за миграциите во периодот на Балканските војни и пред нив, истакнувајќи дека станува збор за период исполнет со тажни спомени.
Потсетувајќи дека периодот од 50-тина години по 1876 година, се години во кои во светската историја се години исполнети со болка, Шентоп истакна дека што поради војна, што поради доживеаното за време на миграциите, на овие територии животот го загубиле повеќе од 5 милиони луѓе.
Шентоп додавајќи дека Турција ја продолжила својата емотивна поврзаност со Балканот, рече: „Ние постојано во мислите, во душата сме тука, живееме со нашите браќа тука и со сеќавањата од овие простори.“
Шентоп рече дека во период од над 400 години во регионот заедно живееле луѓе од различно етничко потекло и од различни вери.
Тој истакна дека најдобар пример за заеднички живот во мир, кој денес му е најпотребен на светот, го дала Османлиската држава во која се живеело на овие простори во период од од повеќе од 400 години.
Шентоп потсети дека кога ќе дојде до нарушување на мирот и спокојот на Балканот, тогаш тоа се одразува насекаде и штета имаат и Европа и целиот свет.
„Од една страна секој треба внимателно да гледа кон овие простори, да се обидат да ги увидат игрите и пресметки на нивните земји на Балканот. Овдешниот мир, културата на соживот, се многу значајни за целиот свет, не само за Балканот. Ние секогаш внимаваме на тоа, Турција секогаш се обидува, колку е тоа во нејзина моќ, со сите нејзини можности да им помогне на сите луѓе од овие простори, независно од нивната од која вера се, од кое етничко потекло. Се подразбира дека особено внимание им обраќаме на нашите сонародници.“
Амбасадорката на Република Турција во Северна Македонија, Тулин Еркал Кара и се заблагодари на Унијата на турски општини на вниманието за потребите на сонародниците во Северна Македонија и истакна:
„Нивниот придонес на локално ниво ги приближи луѓето од двете пријателски земји и придонесоа за развој на силните врски на национално ниво. Со задоволство ја поздравуваме зацврстувањето на соработката на братските општини во наредниот период.“
Градоначалникот на Општина Шанлиурфа, Зејнел Абидин Бејазѓул истакна дека можеби на картите постојат гранци, но всушност во географијата на срцата не постојат граници.
Зборувајќи дека и Шанлиурфа која покрај езерото Баликли и планината Ѓобекли Тепе е област богата со голем број историски и културно локалитети, кои во минатото биле лулка на цивилизациите и додаде: „Од една страна Шанлиурфа, од друга страна Северна Македонија, но нашите души и двете ги сакаат со иста љубов, а нашите срца чукаат со исти чувства“.
Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, истакна дека Врапчиште е повеќенационална, повеќе културна општина, и им се заблагодари на институциите и организациите на Република Турција за донациите.
Градоначалникот на оштина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски им се заблагодари на Унијата на турски општини за доделениот грант – камион за смет и се заблагодари за сите досегашна помош и донации доделени на општината од страна на турските институции.
- Посета на Охрид
Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, средбите во Врапчиште, се упати кон Охрид.
Во Охрид Шентоп ги посети џамијата и текето Зејнел Абидин, а потоа направи прошетка низ охридската чаршија. За време на прошетката Шентоп се соочи со голем интерес од страна на локалното и турското население, фотографирајќи се со граѓаните и разговарајќи со нив.
Подоцна Шентоп, заедно со неговата делегација ја посети историската џамијата „Али паша“ која се реставрира од страна на Генералната дирекција на фондации на Турција, канцеларијата на муфтијата на Охрид, Одборот за заштита на културното и природното наследство на Охрид и Музејот на град Охрид.
Шентоп при посетата на џамијата, беше информиран од надлежните.
- Џамија „Али паша“ во Охрид
Реставрацијата на џамијата „Али-паша“ во Охрид започна во мај 2017 година и е спроведена со поддршка на Генералната дирекција на фондации на Турција, канцеларијата на муфтијата на Охрид, Одборот за заштита на културното и природното наследство на Охрид и Музејот на град Охрид.
Работата на реставрацијата беше запрена откако беа организирани протести од некои организации во Охрид, со тврдење дека минарето ќе биде изградено повисоко од оригиналното.
Тогашниот министер за култура на Република Северна Македонија, Роберт Алаѓозовски, во декември истата година, по средбата со директорите на културните институции во Охрид, соопшти дека реставрацијата на петвековната џамија е запрена по реакцијата од страна на организациите во Охрид.
Во рамките на процесот на оваа тема, Министерството за култура формираше работна група чии резултати се предадени на преглед на УНЕСКО.
Откако процесот на реставрација мина низ одредени фази, таа продолжи без проблеми.