Serdar Dincel
27 Декември 2025•Ажурирај: 28 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) — Претседател Реџеп Таип Ердоган денес му оддаде почит на авторот на текстот на турската национална химна, Мехмет Акиф Ерсој, по повод 89-годишнината од неговата смрт, известува Анадолу.
„По повод 89-годишнината од неговата смрт, со милост се сеќаваме на нашиот национален поет, Мехмет Акиф Ерсој - авторот на нашата национална химна - кој, во деновите кога Анадолија беше под окупација, патуваше од град до град и ја повикуваше нашата нација да се крене за својата иднина. Тој беше вистински интелектуалец, со својот став и начин на живот“, напиша Ердоган на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.
- Авторот на туркста национална химна Ерсој
Мехмет Акиф Ерсој е роден во истанбулската населба Фатих во 1873 година во отоманскиот период.
По Првата светска војна, во време на Војната за независност на Турција против странската окупација, Ерсој во 1921 година ја напиша песната „Истиклал Марш“ (Марш за независност).

Оваа песна, чија музика е на композиторот Зеки Унѓор, била напишана со цел да се охрабри турската војска и да се мотивира нацијата.
Две години подоцна, во 1923 година, новоформираната турска република ја усвои песната за своја национална химна.
Покрај тоа што бил поет, Ерсој бил и писател, академик и член на парламентот. Починал во 1936 година. Во Турција е признат како „национален поет“.