????? ??????????-???????
03 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
Поранешниот уругвајски претседател Хосе Мухика во турскиот град Ескишехир е дочекан со колона Волксвагенови „буби“, автомобил кој на Мухика му го осигура епитетот на најскромен претседател на една земја во светот, јавува Anadolu Agengy (AA).
Поранешниот уругвајски челник Мухика и неговата сопруга Лусија Топалонски, инаку претставник во уругвајскиот парламент, допатуваа во Турција за да присуствуваат на културната манифестација во општината Одунпазари во Ескишехир.
Дека е навистина скромен, Мухика уште еднаш покажа кога од Истанбул во Ескишехир допатува со воз, а на станицата му е организиран свечен дочек.
Градоначалникот на Одунпазари, Казим Курт и општинските службеници приредиле дочек со колона „буби“, популарниот автомобил кој Мухика го користеше и за време на мандатот како прв човек на Уругвај.
Изразувајќи задоволство со посетата на Турција, Мухика се заблагодари на домаќините на укажаното гостопримство.
„И оваа посета ни говори дека нè разделува физичката оддалеченост и различните јазици, но дека сме блиски пријатели со турскиот народ. Гледаме дека во светот се случуваат транзиции и очекуваме од Европа да покаже поголема солидарност. Свесен сум за важноста на улогата на Турција во овој регион, но таа се занимава и со работи и во Јужна Америка. Во Уругвај имаме проблем што сите Сиријци, Либанци и други ги нарекуваме Турци, како што и сите Шпанци ги нарекуваме Галијци, а тие тоа никако не се. Мораме многу да учиме за светот“, рече Мухика.
И градоначалникот Курт изрази задоволство за посетата на Мухика на Турција додаде дека на гостинот од Уругвај му го претставил моделот според кој функционира локалната самоуправа во Турција.
Мухика и неговата сопруга се почестени и со свечен ручек на кој присуствуваа и локални турски официјални личности од општината Одунпазари.