????? ????????
02 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
ТЕТОВО (АА) – Денеска на Државниот универзитет во Тетово е одржана промоцијата на книгата “Како ја рушеа Југославија “ чиј автор е поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ректорот на тетовскиот универзитет Вулент Амети, во својот говор истакна дека бившиот хрватски претседател е пријател на албанскиот народ. Амети кажа дека додје време на Балканот да се разговара отворено за историските прашања, но и пред се да се тргне напред, кон подобра иднина. Авторот на книгата, Стјепан Месиќ, во своето излагање во врска со неговата книга кажа како дојде до распадот на Југославија, притоа говорејќи за нејзините интегративни фактори. “Југославија имаше три главни интегративни фактори.
Еден од нив беше Тито со својата харизма, бидејќи земјата ја извлече од Втората светска војна на страната на победниците. Вториот интегративен фактор беше Сојузот на комунистите како партија на целиот овој простор на СФРЈ и третиот фактор на интеграција беше југославенската армија која го слушаше Тито и партијата. Тито замина од политичката сцена, партијата се распадна на 14.
Конгрес по волја на Милошевиќ, а армијата бараше спонзор и во тоа беше проблемот бидејќи армијата беше повќенационална а Југославија не можеше да опстане“ , рече Месиќ на промоцијата на книгата. Објаснуваќи за околностите под кои се распадна Југославија и ставовите на тогашните политички лидери, Месиќ додаде дека Милошвиќ, како тогашен српски претседател имаше план како да ги исели Албанците од Косово и да го дестабилизира регионот.
Тој потенцираше дека иднината на балканските земји е интегрирањето во ЕУ од повеќе аспекти меѓу кои ги спомна економските, финансиските, трговските и другите аспекти кои на државите им обезбедуваат прогрес. “Со влегувањето во ЕУ, Балканот веќе нема да биде никакво буде барут, а земјите од регионот ќе се стабилизираат” , истакна Месиќ говореќји за неговото авторско дело “Како ја рушеа Југославија”, која е превдена на албански јазик.