Турција

Поради попречување на изборите во Турција, покрената постапка против 10 странци

Од Министерството за внатрешни работи на Турција соопштено е дека странците немале акредитации и дека не станува збор за набљудувачи на ОБСЕ.

Fatih Hafız Mehmet  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Поради попречување на изборите во Турција, покрената постапка против 10 странци

Ankara

АНКАРА (AA) – Надлежните институции покренаа правна постапка против 10 странци, кои под плаштот на набљудувачи се обиделе да ги попречуваат изборите во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Турција денеска се одржуваат предвремени претседателски и парламентарни избори, на кои близу 60 милиони гласачи го бираат претседателот на државата и новиот состав на Големото народно собрание на Република Турција.

Неименувани функционери од Министерството за внатрешни работи на Турција соопштија дека странците немале акредитации и дека не станува збор за набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Истиот извор јавува дека 10-те лица се претставувале како изборни набљудувачи и се обиделе да ги попречуваат изборните процеси на избирачките места во четири турски области.

Правни постапки ќе бидат покренати против тројца Французи во Агри, тројца Германци во Ширнак, тројца Италијанци во Дијарбакир и еден Италијанец во Батман.

Вкупно 180.065 избирачки места во цела Турција се отворени во 08:00 часот, а ќе се затворат во 17:00 часот по локално време.

Изборите се одржуваат со засилени безбедносни мерки со повеќе од 1/2 милион ангажирани припадници на безбедносните сили, а прелиминарните резултати од изборите се очекуваат во изборната ноќ, неколку часа по затворањето на избирачките места.

Претседателот на државата и на Парламентот се бираат на мандат од пет години. Станува збор за историски избори на кои Турција ќе премине од парламентарен на претседателски систем на управување, што е одобрено и со референдумот одржан во април минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın