Hüseyin Yıldız,Özkan Bilgin
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
ИГДИР (АА) - Ридовите Ѓокушаги (Виножито) во Игдир, сместени во најисточниот дел на Турција, екипата на Агенција Анадолија (АА) ги сними со дрон.
Ридовите во областа Тузлуџа привлекуваат внимание со нивните различни бои како што се кафеави, зелени, жолти, виолетови и бели нијанси, а исто така и со различните висини.

Со својот колоритен пејзаж што содржи различни структури и слоеви на почвата, ридовите Ѓокушаги се меѓу туристичките дестинации во регионот кои привлекуваат внимание.
Лоцирани се веднаш до Автопатот Игдир - Карс и Ерзурум. Тие се најпосетуваните места од туристите кои доаѓаат во регионот за да го видат природното богатство во Игдир, како и во Карс, Ардахан и Агри.
Ридовите во секое годишно време пленат со различна убавина.