Eşber Ayaydın
15 Март 2023•Ажурирај: 17 Март 2023
ШАНЛИУРФА (АА) – Најмалку девет лица загинаа како последица на поплавите што го погодија јужниот турски град Шанлиурфа, јавува Анадолу.
Обилните врнежи од вчера предизвикаа поплави и водни порои во Шанлиурфа и во другите јужни градови на Туркије, кои исто така беа погодени од разорни земјотреси минатиот месец.

Противпожарните единици од подрумот на еден поплавен објект извлекле тела на пет лица, за кои е утврдено дека се сириски државјани.
Уште најмалку четири лица загинаа во поплавите во тој град.
Надлежните служби се на терен и му помагаат на загрозеното население.
