Aykut Karadağ
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Полицијата денес приведе 50 осомничени лица во Турција поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во главниот град Анкара издадоа налози за приведување на 34 осомничени лица како дел од истрагата за инфилтрирање на терористичката организација во турските поморски сили.
Од Kанцеларијата на обвинителот е соопштено дека осомничените биле во контакт со високи членови на ФЕТО преку телефонски говорници.
Досега, 28 припадници на ФЕТО се приведени во истовремени операции во девет градови, а полицијата работи на приведување на шест останати.
Во меѓувреме, обвинителите во Анкара како дел од друга истрага, издадоа налози за приведување на 32 припадници поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Истрагите беа извршени за да се открие инфилтрирањето на терористичката организација во полицискиот оддел а во осомничените лица на високи позиции во безбедносните сили како и полициски комесари кои ја користеле апликацијата за шифрирани пораки „БајЛок“, се наведува во соопштението издадено од Канцеларијата на обвинителите во Анкара.
Додека 22 од осомничените се приведени од полициските тимови кои се борат против организираниот криминал, во тек се акциите за приведување на преостанатите осомничени.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.