Fahri Aksüt
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) - Како дел од борбата против коронавирусот, Ковид-19, Турција воведе карантин во 227 резиденцијални подрачја во 58 области низ Турција, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во подрачјата живеат околу 250.000 луѓе, се вели во соопштението на Министерството.
Се наведува дека се укинуваат карантинските мерки на 41 станбени подрачја во 14 области. во земјата.
Турција вчера потврди уште 107 смртни случаи од коронавирусот во текот на изминатите 24 часа, со што бројот на починати достигна 1.403. Вкупниот број на регистрирани случаи со коронавирус се искачи на 65.111. Исто така, досега оздравеа 4.799 луѓе и се пуштени од болниците.
Откако за првпат се појави во Кина кон крајот на минатата година, вирусот се прошири во најмалку 200 земји и региони.