Ekip
30 Октомври 2023•Ажурирај: 31 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - ТЦГ Анадолу, најголемиот турски брод од домашно производство, помина низ Истанбулскиот Теснец придружуван од 100 воени брода во неделата по повод 100-годишнината од основањето на Република Туркије, јавува Анадолу.
Преминот на турската морнарица низ Истанбулскиот Теснец, што е најголема официјална парада во историјата на земјата, го следеше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Покрај најголемиот брод на турската морнарица ТЦГ Анадолу, на парадата низ Истанбулскиот Теснец учествуваа вкупно 100 воени брода, како и авиони и хеликоптери. Беше предвидено поминувањето на бродовите низ Истанбулскиот Теснец да трае околу два часа.
Потоа беше планиран и светлосен спектакл на небото над Истанбул.

Националниот празник Ден на Републиката во Туркије се слави на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи Мустафа Кемал Ататурк, кој тогаш беше избран од Големото национално собрание на земјата за прв претседател на модерна Туркије.
Еден од најголемите национални празници е обележан со низа настани низ земјата, вклучително и положување венци на Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.
