Mesut Varol
15 Февруари 2023•Ажурирај: 15 Февруари 2023
АДИЈАМАН (АА) - Продолжуваат напорите за пребарување и спасување на преживеаните под уништените згради од земјотресите со интензитет од 7,7 и 7,6 степени, чии епицентри беа во турската област Кахраманмараш, опишани како „катастрофа на векот“, јавува Анадолу.
Екипите на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), на бродоградилиштето Ѓолчук и на жандармеријата, од под урнатините на седумкатница во градот Адијаман, жива ја извлекоа 77-годишната Фатма Ѓунѓор, 212 часа по катастрофалните земјотреси кои ја потресоа Туркије.
По извлекувањето, Ѓунѓор со возило на Итната помош е префрлена во болница.
Роднините на Ѓунѓор, кои чекаа околу урнатините, пресреќни од успешната акција, ги прегрнаа членовите на тимовите за пребарување и спасување.