АНКАРА (AA) - Левент Туркан, офицер за врска на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, воениот генерал Хулуси Акар, кој е уапсен по обидот за државен удар во Турција, призна дека е припадник на паралелните структури, дека без противење извршувал наредби на структурата на терористичката организација на ФЕТО, како и дека константно го прислушувал и го снимал началникот на турскиот Генералштаб, јавува Anadolu Agency (AA).
Туркан, кој е уапсен во рамките на истрагата по обидот за државен удар што го изведе група војници лојална на терористичката организација Фетулахџи/Паралелни структури (ФЕТО/ПДЈ) во својата изјава во обвинителството призна дека е член на паралелните структури и дека со години без противење работел според директивите на таа организација.
„Член сум на паралелните структури“, призна во изјава Туркан, кој исто така призна дека со години наназад работел за Фетулах Ѓулен, како и дека до денес без противење одговарал на сите заповеди од луѓето од таа организација“.
Во признанието вели дека врска со организацијата одржувал преку луѓе кои носеле кодни имиња Мурат, Селахатин и Адил.
„Знам каде се наоѓа куќата на Мурат. На пат кон Коња, можам да ја покажам. За другите не знам каде се нивните адреси ниту работата со која се занимаваат. Со овие луѓе се состанувавме во куќата на Мурат двапати месечно. Никогаш до денес не помислив дека организацијата на Фетулах Ѓулен е организација што ја издаде татковината. Мислев дека она што тие го работат е во името на Бога. Сѐ разбрав во текот на обидот за државен удар. Да се рече за овие структури и членови на овие структури дека се предавници на татковината е преблаго. Припадниците на овие структури се лица со крвожедни души. Фетулах Ѓулен никогаш не го видов, моите зборови се однесуваат и на него“, рече Туркан.
Додаде дека е од местото Караџабеј, недалеку од западниот турски град Бурса, како и дека потекнува од сиромашно семејство. Според неговите зборови, со движењето Хизмет се запознал пред завршувањето на основното училиште во Бурса.
„Бев добар ученик. Кон крајот на основното училиште се запознав со 'браќата'. Од тој период се сеќавам на Седар и на студентот од кодното име Муса. Јас тогаш престојував во интернат, во кој тие константно доаѓаа. Дневните молитви ги извршувавме заедно, тие ги предводеа молитвите. Потоа почнаа да ме носат во своите станови. Инаку, јас од мојата петта година сонував еден ден да станам офицер. Во тоа ме поддржуваше и моето семејство“, рече Туркан.
Својата приказна ја продолжува кога одлучил да оди во средно училиште.
„Старешините од организацијата беа задоволни кога слушнаа дека сакам да одам во средно воено училиште. Влегов на приемен испит во Средното воено училиште Истиклар во 1989 година. Бев сигурен дека со своето знаење ќе го положам тој испит, како што беа сигурни и тие. На полноќ пред испитот тие ми ги донесоа прашањата. Сердар ми донесе хартија на која беа прашањата со одговорите. Бев подготвен за испит и ги знаев сите прашања. Но ги прочитав и ги запомнив добро. Тие прашања ми ги дадоа во еден центар во Бурса. Прашањата им ги дадоа на уште неколку ученици, но не знам точно за кого се работи. Не знам како се викаат, но можеби би можел да ги препознаам на фотографија. Приемниот испит го положив. Според бројот на точните одговори не влегов меѓу 100 најдобри кандидати, бидејќи како што се сеќавам, свесно не ми ги дадоа сите прашања. Во текот на одењето во средно школо се гледав со Сердар и со Муса. Се состанувавме еднаш месечно. Најчесто за викенд, се собиравме, клањавме намаз, разговаравме, читавме книги од Фетулах Ѓулен. Ме научија како во воено училиште намаз да клањам во мислите, за да не бидам откриен“, рече Туркан.
Истакна дека исто така не е партиски определен, ниту дека има одреден политички став, но вели дека на изборите најчесто гласал за Партијата на правдата и развојот (АК Партија).
„Својот глас на изборите го давав според дадена ситуација. Во текот на средното училиште продолжив да се гледам со Сердар и со Муса. Тогаш од мене ништо не бараа да направам за организацијата. Единствена задача беше да не бидам откриен“, истакна Туркан.
Понатаму својата приказна ја продолжува кога 1993 година, кога без приемен испит го продолжил образованието на Воената академија во Анкара, каде што во тој период настанал прекин со организацијата.
„Во тој период почнав да се преиспитувам. Имав неколку пријателки, а старешините од организацијата поради тоа знаеја да се налутат"; рече Туркан
Во текот на службата вршел должност во Истанбул, Трабзон, Никозија, Кизилтепе и во Анкара. Во тој период имал месечни состаноци со 'браќата' од организацијата, а тие луѓе константно се менувале.
За лицата со кои бил во контакт вели дека не биле воени лица, туку сите дипломирани од одредени универзитети. Не можеа никогаш ништо да знаат за професиите на овие луѓе, а кога за тоа би прашале, одговор беше следен: „Не прашувајте нѐ, работете ја својата работа, учете“.
Туркан додаде дека пензиониран полковник во 2011 година го предложил за помошник на офицерот за врска на тогашниот началник на турскиот Генералштаб, Неџдет Озел, а на таа позиција е поставен и ја извршувал сѐ до минатата година. Откако помошникот за врска е пензиониран, Туркан го заменил на таа позиција.
- Константно го прислушував началникот на Генералштабот, Неџдет Озел -
Откако станал офицер за врска почнал да добива директиви од паралелните структури.
„Началникот на генералштабот Неџдет Озел константно го прислушував. Користев уред за прислушување, таканаречен радио, кој е голем колку прст. Секое утро го ставав во уредот на началникот, а навечер го земав. Уредот имаше своја меморија и можеше да сними помеѓу 10 и 15 часа. Тоа го добив од 'брат' кој работеше во Турк Телеком, не се сеќавам на неговото име. Ми го даде уредот во неговата куќа. Куќата му беше во Инџек, кон Алаџатли. Кога би отишле таму би можел да ја најдам неговата куќа. Ми го даде уредот и ми нареди да го прислушувам началникот на Генералштабот. Ми рече дека ' го прислушуваме само информативно, ништо нема да се случи'. Не прашував, го зедов уредот. Секој ден го прислушував началникот. Беа два или три уреда. Неделно кога ќе се наполнеше уредот му го носев на 'братот', а го земав празен. Никогаш не сум го слушал тоа што беше снимено. Немав такви уреди на кои можеше да се спои и да се преслуша звукот. Во канцеларијата на началникот повремено беа вршени контроли за уреди за прислушување. Јас знаев кога ќе се вршат контролите и тогаш не го поставував уредот. Додека го прислушував началникот не доживеав никаков непријатна случка, правев како што од мене беше барано“, рече Туркан
Додаде дека во тоа време функциите на помошник на Генералштабот ги извршуваа Хулуси Акар, актуелниот началник и Јасар Ѓулер.
„Нив ги прислушуваше мојот колега Мехмет Акурт. Тој исто така е член на движењето на Фетулах Ѓулен. Прислушувавме заедно. Тој поставуваше уреди во канцелариите на двајцата помошници. Не знам кој беше негов старешина во организацијата. Исто така, моментално не знам каде е Мехмет Акурт, дали е приведен. Неговата задача за време на државниот удар беше да го неутрализира помошникот на Генералштабот. Претпоставувам дека движењето на Ѓулен овие луѓе ги прислушуваше за да знае што се случува внатре во вооружените сили“, рече Туркан.
Нагласи дека со промената на началникот на Генералштабот, односно кога на тоа место е поставен актуелниот началник Хулуси Акар, престанал со прислушување.
„Мурат ми рече дека ќе престанам со поставување на уредот за прислушување. По неколку месеци дознав дека тоа го прават двајца постари водници по име Серхат и Сенер", рече Туркан, и продолжи:
„Во џематот владее потполна тајност и приватност. Секој си го знае својот 'брат' или старешина, ја работи својата задача, извршува молитва, го прави она што ќе му наредат Веќе не знае ниту да праша. Кон моите претпоставени, меѓу офицерите кои се примени во војска од деведесеттите години наваму, помеѓу 60 и 70 отсто од нив се од џематот. Тоа е некое мое мислење, иако немам конкретни докази“.
Туркан исто така ги наброи и имињата на одредени лица за кои тврди дека 99 отсто се поврзани со паралелните структури.
news_share_descriptionsubscription_contact
