Halil Demir
27 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Приведени се 8 лица во рамки на операцијата спроведена во турската област Истанбул против терористичката организација ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на Одделот за борба против тероризам започнаа операција за фаќање на осомничените за кои се вели дека вршеле активности во име на ДЕАШ во областа.
Во рамки на истрагата, тимовите спроведуваа истовремени операции на 12 адреси во 7 подрачја на Истанбул, при што се приведени 8 припадници на оваа организација.
Во текот на рациите извршени на овие локации запленети се голем број документи на организацијата, како и дигитални материјали.