Турција

Операции против ФЕТО во Турција: Приведени 17 осомничени лица

Во рамки на истрагата спроведена од страна на Главното републичко обвинителство во Аксарај, приведени се 17 осомничени лица, меѓу кои и поранешни полициски началници

Zekeriya Karadavut  | 21.10.2020 - Обновена : 22.10.2020
Операции против ФЕТО во Турција: Приведени 17 осомничени лица

АКСАРАЈ (АА) - Во девет области во Турција спроведени се операции против тајното структурирање на терористичката организација ФЕТО во полицијата, при што се приведени 17 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на истрагата спроведена од страна на Главното републичко обвинителство во Аксарај, приведени се 17 осомничени лица, меѓу кои и поранешни полициски началници, за кои е откриено дека реализирале активности на тајно структурирање на ФЕТО во полицијата.

Операциите за фаќање на осомничените се спроведени од страна на тимовите на Одделот за борба против шверц и организиран криминал при Градската полициска дирекција. Овие операции се спроведени во турските области Аксарај, Коња, Нигде, Мерсин, Адана, Анкара, Кајсери, Измир и Чанаккале.

Во рамки на операциите извршени истовремено на различни локации, фатени се 17 осомничени лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın