Adsız Günebakan
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Во зоолошката градина во Газиантеп, на јужниот дел на Турција, формирано е посебно природно живеалиште за фламингоси, заштитен вид на птици кои на овој простор ќе располаат со живеалиште од повеќе стотина метри квадратни, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа зоолошка градина доби 28 нови жители, препознатлици по заоблениот клун, тенки нозе и перја со бледорозева и црвена боја.
Бројот на фламингоси секојдневно се намалува, а овие птици се посебно осетливи кога е во прашање размножувањето, поради што им треба мирна средина. Токму поради таа причина, зоолошката градина во Газиантеп подготви посебно живеалиште за птици кои не се голем „љубител” на човечко друштво.
Придродното живеалиште во зоолошката градина се простира на 600 квадратни метри, а фламингосите имаат и посебни гнезда и базени. На „брегот на фламингоси” веќе кон крајот на годината се очекува да излезат првите јајца.
„Овие животни се размножуваат многу тешко и секој ден ги има се помалку. Поради тоа се наоѓаат под заштита. Ние им направивме „брег на фламингоси” на површина од 600 квадратни метри. Првите птици се очекуваат до крајот на годината”, изјави Џелал Ојзојлер, претседателот на Канцеларијата за заштита на природната средина во Газиантеп.
Тој додаде дека половина од групата фламингоси во зоолошката градина во Газиантеп ја сочинуваат женки, а другата половина мажјаци.