Ertuğrul Subaşı
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Од Управата на турската полиција разрешени се 12.801 вработен, под сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Управата се наведува дека постои сомнение оти разрешените лица се во контакт со терористичката организација за која е утврдено дека претставува опасност за националната безбедност.
Меѓу разрешените има 2.523 команданти.
Потсетуваме, воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО, на 15 јули се обидоа да извршат државен удар во Турција, при што загинаа 241 лице. Турските власти побараа екстрадиција на лидерите на оваа терористичка организација на Фетула Ѓулен.