Fuat Kabakcı
22 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција денеска ја отфрли одлуката на Русија за признавање на таканаречените републики Доњецк и Луганск, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопштија од турското МНР, оваа одлука е спротивна на Договорот од Минск и претставува отворено нарушување на политичкото единство, суверенитет и интегритет на Украина.
„Одлуката на Русија ја сметаме за неприфатлива и ја отфрламе. Ја нагласуваме нашата посветеност на политичкото единство и територијалниот интегритет на Украина, а страните ги повикуваме на воздржаност и здрав разум“, се вели во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин денес во Кремљ ги призна украинските региони Доњецк и Луганск како независни држави и потпиша договори со сепаратистичките лидери од тие региони, што е потег кој дополнително ќе ги зголеми тензиите во регионот и пошироко.
Откако и се обрати на нацијата, Путин во Кремљ потпиша декрет за признавање на независноста на сепаратистичките власти на истокот на Украина и со водачите на сепаратистите потпиша договори.