Yıldız Aktaş,Özcan Yıldırım,Burcu Çalık
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Ефкан Ала, изјави дека припадниците на терористичките организации ФЕТО, сите пари кои ги „собрале” од Турција ги трошат во странство на лобирање, јавува Anadolu Agency (AA).
Ала во интервју за АА зборуваше за актуелните случувања во Турција, како и случувањата по обидот за државен удар во оваа земја, од страна на терористичката организација ФЕТО.
На прашањето дали во наредниот период истрагата против терористичката организација ФЕТО ќе биде фокусирана и внатре политичките организации, со оглед дека во досегашниот период фокусот беше на војската, полицијата и судството, Ала одговори дека секако со подлабока истрага ќе исплива на површина и политичкото влијание на ФЕТО.
„Како што знаете, меѓу нив се и оние кои беа претставници во парламентот. Некои од нив побегнаа во САД, некои се уапсени. Тие се обидоа да го преземат водството над политичките партии. Монтираа различни скандали. Нема такви подлости со кои не се служеа. Тешко е да се процени колку штета и нанесоа на народната волја, политиката, децата и изворите ”, изјави Ала, и додаде:
„Сега со своите нелегални активности продолжуваат да работат и надвор. Парите ги однеса од тука и сите тие средства сега ги трошат во странство на лобирање. Во понатамошниот тек на истрагата ќе биде откриено во потполност нивното влијание ” .
Ала истакна дека ФЕТО е една структура која на многу немилосрден начин ја користи силата на државата за своите интереси. На прашањето за професорот на Факултетот за исламски науки на Универзитетот во Сакарја, Адил Осуз, познат како имам на воздушните сили на терористичката организација ФЕТО, за кој полицијата сеуште трага во рамките на истрагата за обидот за државен удар во Турција, Ала одговори дека Осуз сеуште не е пронајден, но дека за тоа се задолжени специјалните екипи во полицијата и жандармеријата.
На прашањето дали се наоѓа во земјата или во странство, министерот Ала одговори: „Сеуште ја немаме таа информација, бидејќи не користи средства за комуникација. За неговото апсење организиравме специјални екипи. Се надеваме на резултати во најскоро време”.