Sarp Özer
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Туркије (Турција), Хулуси Акар, истакна дека утре во Истанбул ќе се одржат разговори меѓу воените делегации за безбеден транспорт на житото што чека во украинските пристаништа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Акар истакна дека позитивни се разговорите што ги водат во рамките на дипломатските напори и инцијативи на претседателот Реџеп Таип Ердоган за решавање на „кризата со храна“.
Потсетувајќи дека во рамките на работите имал средба со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, и со украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, Хулуси Акар рече дека по тие средби се реализирале директни контакти меѓу Турција, Украина и Русија, кои во јавноста се опишуваат како „црвена линија“.
Министерот Акар наведе дека делегацијата на Министерството за национална одбрана на Туркије заминала во Москва на средба со руската воена делегација за решавање на кризата со храна, а потоа во Министерството за национална одбрана на Туркије дошла делегација на украинската Војска.
„По сите овие средби, утре во Истанбул, воените делегации на министерствата за одбрана на Туркије, Руската Федерација и Украина и делегацијата на Обединетите нации ќе разговараат за безбедна испорака на житото што чека во украинските пристаништа на меѓународните пазари по морски пат“, нагласи министерот Акар.