Jeyhun Aliyev
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Новата локација на американската Амбасада во Анкара се наоѓа на улицата „Малком Икс“, која пак денес и официјално го доби новото име во чест на познатиот активист за човекови права, јавува Anadolu Agency (AA).
Новиот знак на улицата која го носи името „Малком Икс“ (Malcolm X Caddesi), е поставен во близина на новата локација на амбасадата во населбата Чанкаја во Анкара.
Во октомври, Градскиот совет на Анкара едногласно ја прифати промената на името на улицата во чест на Малком Икс, кој е запаметен како лидер меѓу муслиманите во САД и активист за човекови права.
Малком Икс е роден во 1925 година, а убиен е на 21 февруари 1965 година во Вашингтон Хајтс, Њујорк, по неговиот релативно краток живот во постојаната борба за правата на црномурестите лица.