Vesna Besic
30 Август 2023•Ажурирај: 03 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Супермесечина синоќа го красеше небото и над турската метропола Истанбул, јавува Анадолу.
Магичната глетка на Супермесечината над Истанбул ја забележаа и фоторепортерите на Анадолу.

Феноменот Супермесечина го означува моментот кога Месечината е најблиску до Земјината орбита.
Во текот на годината, во просек од 4 до 5 пати сме сведоци на оваа појава.