Aylin Sırıklı
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во 32 града заврши процесот на гласање на локалните избори во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), процесот на гласање во Адијаман, Агри, Артвин, Бинѓол, Битлис, Дијарбакир, Елазиг, Ерзинџан, Ерзурум, Газиантеп, Гиресун, Ѓумушхане, Хакќари, Карс, Малатија, Кахраманмараш, Мардин, Муш, Орду, Ризе, Сирт, Сивас, Трабзон, Тунџели, Шанлиурфа, Ван, Бајбурт, Батман, Ширнак, Ардахан, Игдир и Килис, кој започна во 7:00 часот по локално време, заврши во 16:00 часот по локално време.
Покрај овие градови, гласањето кое во одредени градови започна во 8:00 часот, ќе заврши во 17:00 часот по локално време.
Гласовите не ќе може да се бројат пред затворање на процесот на гласање, односно пред 16:00 и 17:00 часот.
Радиостаниците и другите медиуми до 18:00 часот по локално време не ќе може да објавуваат вести, прогнози и коментари за изборите, како и за резултатите на изборите.
Радиостаниците и другите медиуми во периодот од 18:00 до 21:00 часот ќе може да објавуваат вести и соопштенија на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) во врска со изборите.
Дозволени се сите емитувања по 21:00 часот по локално време, а со евентуална одлука на Комисијата, врз основа на Уставот и изборните закони, вестите и соопштенијата во врска со изборите ќе може да се емитуваат и пред 21:00 часот.