Турција

Ковид-19: Турција започна со истражување на пасивна имунизација

- Турски универзитет започна да работи на пасивна имунизација - метод кој има со цел земање на имунолошка крвна плазма од закрепнатите пациенти од Ковид-19 и користење на истата во лекувањето на другите заразени со вирусот кои се во критична состојба

Firdevs Bulut, Murat Asil  | 06.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Ковид-19: Турција започна со истражување на пасивна имунизација

КАЈСЕРИ

Турски универзитет започна да работи на пасивна имунизација - метод кој има за цел земање на имунолошка крвна плазма од закрепнатите пациенти од Ковид-19 и користење на истата во лекувањето на другите заразени со вирусот кои се во критична состојба, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Излекуваните пациенти се очекува да донираат крв во лабораторијата на универзитетот, така што можат да помогнат во лекувањето на останатите“, изјави Мустафа Чалиш, шефот на Универзитетот Ерџијес.

Тој изјави дека лекувањето со плазмата се користи во третманот на неколку болести.

„Антителата земени од оние кои се опоравиле или стекнале имунитет им се даваат на болните. На овој начин, постои можност за закрепнување доколку пациентите не можат да развијат свој имунитет“, рече тој.

„Овој метод претходно беше користен во третманот на САРС и Ебола. Ковид-19 е нов во медицинската литература, но заснован на претходно искуство и истражување на луѓе кои се тестирале позитивни на Ковид-19. Здравствените работници велат дека овој метод може да биде ефикасен".

Чалиш нагласи дека од оние кои ќе закрепнат од Ковид-19 ќе може да се земе крвна плазма со нивна дозвола.

„Пациентите кои ќе бидат тестирани на Ковид-19 и чии резултати ќе се покажат негативни, ќе можат да бидат тестирани повторно по две недели, за да се осигура дека нема останато од вирусот во нивното тело“, изјави ректорот на универзитетот.

„Потоа ќе земеме плазма од овие пациенти со метод кој трае околу 45 минути. Овие имунолошки плазми ќе бидат испратени за пациентите во интензивна нега. Се надеваме дека ќе им помогнат во нивното закрепнување“.

Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.

Податоците покажуваат дека во светот има над 1,29 милиони потврдени случаи на вирусот, над 70.000 починати и над 270.000 излекувани лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.