Ömer Faruk Şimşek
25 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
САКАРЈА
Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, денешното отворање на Големата џамија Аja Софија (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за молитва ја оцени за историски настан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес живееме историски ден, 24 јули, ако даде Господ, кај идните генерации и кај идните историчари ќе биде една пресвртница. Денешниот ден во страниците на историјата ќе биде запишан како многу посебен“, изјави Калин.
Со присуство на околу 350.000 верници, со клањање на првата петочна молитва (џума-намаз) по 86 години, денес повторно за молитва е отворена истанбулската џамија Аја Софија.
Турскиот суд на 10 јули ја понишни одлуката на некогашната Влада на таа земја со која на 24 ноември во 1934 година на Аја Софија и е доделен статус на музеј. Со тој чин на поништување на споменатата одлука, на Аја Софија и е вратен статусот на џамија.